Интервју со Росио Игарзабал (Вале) на македонски јазик

Во серијата "Dulce amor" има љубовна историја со Николас Риера (Тачо), со кого си заедно во Тин Енџелс. Каква е врската помеѓу вас?
-Многу добри пријатели сме, долго време работиме заедно, имаме доверба и можеме да се забавуваме. Задоволство е.

Многу велат дека излегувате. Што мислиш за озборувањата? 

-Мене не ми влијаат. Доброто е што со тек на времето, согледуваш како одат работите и учиш да се контролираш.


Бренда, твојот лик има нешто заедничко со тебе? 

-Да. Ми се допаѓа да гледам малку подалеку од ситуацијата, смисолот за она што ми се случува. Бренда го сака фотографирањето, исто и јас. Ме фасцинира да го гледам светот низ фотографии.

Кое место го заземаш во твоето семејство? 

-Исто како во серијата, сме три сестри, но јас сум средната. Најстарата беше примена на филозофија и не води секогаш. И најмалата студира фотографија! Од неа научив многу за мојот лик во серијата.

Каков е твојот однос сега со публиката, бидејќи со Тин Енџелс доби голема популарност. 

-Да. Со Тин Енџелс имаше единствена еуфорија. Денес, за разлика, луѓето што ме сретнуваат се поразлични во возраста и ми зборуваат за серијата, за мојот лик и моите колеги.

Живееш сама? 

-Не, живеам со моите родители, иаку еднаш живеев сама.

И што се случи? 

-Не издржав. И среќна сум поради тоа, бидејќи ми е многу добро што живеам со моето семејство.

Од каде излезе твојата страст за уметноста? 

-Кога бев малечка, мајка ми постојано ни пееше. Тоа е нешто на што отсекогаш се сеќавам со нежност и сметам дека тоа е првата мотивација за мене. На 11 години станав дел од школскиот хор, а потоа продолжив со музичка комедија.

Како дојде до Крис Морена, која ти ја даде твојата прва работа? 

-Јас бев дел од театарската претстава "Тарзан" во еден театар во Сан Исидро. Крис бараше момчиња и девојчиња кои зборуваа  и пееа на англиски јазик за серијата "Jake & Blake", така да таа и нејзините придружници гледаа различни претстави во околината. Една девојка, која беше со Крис побара телефон од повеќе дечки, меѓу кои бев и јас. Се запишав да учам маркетинг, но ме повикаа на кастинг. Бев со една пријателка и така дојдов во "Ангели".

Дали си во врска?

-Не, немам време да посветам доволно внимание на врска, ниту да уништам живот на никого.

0 коментари: