Што ќе гледаме утре во "Ангели"?

епизода 44: Најсаканиот 
премиера: 19 февруари 2013 

Се роди бебето на Тео и Мелоди, кое се вика Амадо. Гледаме сцена од минатото. Од минатата година. Тео и Мелоди во колибите од комплексот каде што беа на матурско патување. Тачо го удира ѕидот. Тео го гледа. Разговараат. Taчо сака да се предаде, а во замена Тео да помогне со пораѓањето на Мелоди. Тео помага, но не дозволува Тачо да се предаде. Мелоди неможе да го чува бебето во шумата. Тео ветува дека ќе го носи на безбедно место. Одат во напуштена куќа. Им треба доктор за раѓањето. Тео се јавува на Гонзало, кој е затворен. Преговараат. Луз, преку разговорот помеѓу Тео и Гонзало дознава дека Тео им помага на дивјаците. Тео сфаќа дека од градот веќе знаат за ситуацијата и бегаат. Мелоди го дава бебето на Тео, велејќи му дека е негов син. Луз сака да знае колку време Нина го познава професорот. Луз не ја пушта Нина да излезе од градот, па бара помош од Алаи, велејќи дека надвор ги бара своите биолошки родители. Кант вели на Луз дека процесот на Симон е неповратен, освен да му се вратат старите сеќавања. Кант вели на Симон дека можно е да има чудни соништа, сонови што никогаш не ги доживеал. Симон е повторно со Мар.

0 коментари: