2015 ГОДИНА: Она што никој не го виде во "Aнгели"

Веќе пишувавме дека Томи Дунстер ќе се приклучи во серијата "Ангели" за да го глуми ликот на Кристобал, но возрасниот.

Кристобал ќе се сретне со дечките со голема мисија. Кристобал ќе пристигне за да помогне да се открие вистина помеѓу Шефицата на министри и "Отпорот", а за тоа има многу силно оружје. Нешто се случило во, приближно 2015-та година, што никогаш не се прикажуваше. Кристобал и Луз се заљубиле. Но тој морал да си оди и сега се враќа во потрага по Луз и отстранувањето на чувствата.
Кристобал ќе се обиде да ја убеди Луз да ја каже вистината на дечките од "НЕ" за нивното вистинско потекло, нивните мината и за "дивјаците", кои всушност се нивни пријатели. Луз нема толку лесно да го стори тоа, бидејќи смета дека Тијаго, Рама, Јасмин, Мар, Тачо, Хустина и другите ја напуштиле, но Кристобал е подготвен да ја нападне, извлекувајќи ја надвор нејзината вистина есенција.

Но покрај Луз, тука е г-динот Џеј, кој исто така ќе биде пречка за Кристобал. Следуваат интересни епизоди и ви препорачуваме да не ги пропуштите.

0 коментари: