Што ќе гледаме утре во "Ангели"?
АНГЕЛИ 4
епизода 58: Празен
премиера: 11 март 2013
Професорот вели на сите дека се одговорни за смртта на Кика. Поминуваат денови, сите плачејќи поради смртта на Кика, чувствувајќи се празни.
Луз изјавува дека Тијаго ја искористил неговата другарка како штит, предизвикувајќи нејзина смрт. Се зајакнуваат сигурносните мерки во "НЕ". Вале се сеќава дека ја видела Кика на часовите. Симон е во шок, не се сеќава на ништо. Рама сака да избега од "НЕ" и да оди во "Отпорот". Во "НЕ" забележуваат дека Рама го нема, никој неможе да објасни за неговото исчезнување, го бараат насекаде. Симон вели дека се чувствува празен. Мар го чека Тијаго, Рама не сака да се врати.
Професорот вели дека ја познава Луз уште од малечка. Бил професор во Институтот за формирање на млади лидери. Мар сака да знае дали Хоуп е сојузничка на "дивјаците". Хоуп дава информации на Рама за погребот на Кика. Рама сака да биде таму, макар морал од далеку да гледа. Тачо и Тијаго одат со него.
Нина сака дали се случило нешто помеѓу Тијаго и Мар, тој негира, не знае како да се справи со ситуацијата. Мар се обидува да комуницира со Тијаго, но не успева. Го бара "virtual life" и се препушта на фантазијата. Јасми ја прекинува, велејќи дека сака да го види Тачо, а истото се случува и со Мар, која сака да го види Тијаго.
Луз подготвува замка за "дивјаците" на погребот на Кика, Мар и Јасмин дознаваат и сакаат да помогнат.

0 коментари: