Што ќе гледаме утре во "Ангели"?



АНГЕЛИ 4
епизода 66: Вистински бои
премиера: 25 март 2013

Во шумата, професорот како свештеник ги венча Мар и Тијаго, симболично рушејќи го ѕидот и разликите што ги делат. Лус, бесна поради влегувањето на дивјаците, наредува да се воведат екстремни мерки за безбедност. Мелоди тагува што не го поврати Амадо. Тачо се чувствува беспомошен. Рама се чувствува љубоморен поради Симон и Вале.
Во "НЕ" градат ѕид за заштита од дијаци. Дечките се собираат во подземната соба, планирајќи како да издржуваат, па доаѓаат до идеја да започнат да снимаат телевизиска серија и така да почнат да ја рушат Корпорацијата.

Почнуваат да работат, сите заедно, почнуваат да бараат компјутери, камери и елементи за сценографија за да почнат да снимаат. Вале и Тефи ќе бидат писателките на новелата на Отпорот. Мар и Тијаго, веќе венчани разговараат, таа му признава дека почувствувала дека не воделе љубов за прв пат, а тој и вели дека во минатото биле заедно, без никакви детали. Мар сака да дознае како живеат "дивјаците". Тачо кажува на Јасмин за неговата мртва циганка. Мар и Тијаго кажуваат дека се венчале, Тачо вели дека на никого не му е гајле за Амадо. Симон одлучува да се јави на Вале и да и каже што чувствува.
На таванот, професорот ја чека Луз за да разговараат за порталот.


0 коментари: