Интервју со Гастон Далмау (Рама) на македонски јазик

Гастон Далмау (Рама) дојде повторно во Аргентина и притоа направи едно мини интервју, разговарајќи за повторната средба со членовите на групата, филмот и неговата авантура во САД...



Како е да се живее далеку од семејството, од пријателите и популарноста?
-Далеку сум од моите најдраги, но со 'Skype' и други социјални мрежи се чувствувам поблиску до нив, речиси секој втор ден се гледаме преку компјутер. А што се работи за популарноста, таму сум помирен. Учам, излегувам, шетам, запознавам луѓе... Таму веќе имам моја група пријатели и се усовршувам во она што ми се допаѓа. Многу сум среќен. Имав желба да го правам тоа, и сметав дека е соодветен момент за да се направи тоа.

И следува ново збогување на "Тин Енџелс"...
-Да! Секогаш пронаоѓаат да правиме нешто со групата и ни се допаѓа нам. Ниеден од нас не знаеше за филмот и ни јавија пред еден месец дека ќе има. Филмот беше сниман минатата година кога го имавме последниот концерт и сега снимавме неколку интервјуа во кои кажуваме се што се случувало во бекстејџо, како и некои интимности. Освен тоа, ќе го даваат во Европа, Латино Америка и на различни места, каде што никогаш не сме биле, а има обожаватели на групата.

Каква беше повторната средба со дечките?
-Генијално! Се сретнав со нив на денот на снимањето и подоцна имавме вечера. Беше добро, бидејќи искористив да бидам малку со нив, бидејќи освен што ми беа колеги, ми беа и како браќа и сестри.

Какви планови имаш за иднина?
-Овие денови се враќам во САД, да видам што има таму. Ако излезе нешто останувам...Почетокот никогаш не е лесен, но верувам дека е прашање да се проба.

0 коментари: