Гастон Далмау (Рама): До таму и назад
Гастон Далмау (Рама) се врати во Аргентина за да снима сцени за 3D филмот на "Тин Енџелс".
Исто како што еден ден отиде од Коронел Суарез во главниот град за да си ја испроба среќата, при што стана дел од Ангели, така Гастон го направи истото кога се збогува со групата, но овој пат одлучи да оди во САД.
Тој живее во Њујорк, каде што учи музика, пеење а следните денови ќе започне со часови за акцент. Се врати повторно во Аргентина, поради филмот на групата, а исто така викендот го помина на концерт на "Jonas Brothers", заедно со неговата екс-колешка од Ангели, Кандела Ветрано (Тефи). "Дојдов да уживам во добра музика, дечките се многу талентирани и никогаш ги немав видено. Не сум обожавател, но ми се допаѓа да гледам групи и песните се одлични", вели Гастон.
0 коментари: