Интервју со Еуге Суарез (Јасмин) на македонски јазик

Што рече Адријан Суар, твојот татко во "Solamente vos" кога му кажа за бременоста?
-Многу смирено го прими тоа. Ми рече: "Одлично ќе ми дојде за серијата", иако навистина не знам до кога ќе бидам дел од истата.

Сметаш дека ќе треба да направиш промени пред пораѓањето?
-Можеби. Можеби помалку ќе одам. Но одење и враќање, слегување, качување, бара многу напор.


И твоите пријателки на твоја возраст, како ја примија веста?
-Многу се среќни и сакаат ВЕДНАШ да се роди! Прва сум што ќе се породи, и незнаат што е тоа бебе.

Ти помислуваше низ глава мислата дека ќе бидеш мајка на 21 година?
-Секогаш. Од кога бев малечка, ме прашуваа што сакам да бидам и јас велев "Мајка". Сакав да се венчам на 18 и да имам бебе на 20-21 година. Во времето на мојата мајка било нормално да се има бебе на таа возраст, потоа жената сакала да студира, да заврши со својата кариера, да работи. Но јас го сакам моето семејство со моите деца, кучиња и мојот сопруг. Добро, не сопруг, туку дечко...

Нема да се венчате?
-Засега не сум заинтересирана. Не ми се допаѓа да влезам во бело во црква.

Како го гледаш Нико Кабре во улога на татко?
-Ми се допаѓа, одличен татко ќе биде и умира да има дете.

Имаш баба од Јапонија, ќе објасниш како од јапонска баба излезе плавуша со зелени очи?
-Баба ми се родила во Аргентина, но нејзините родители се родиле во Јапонија. Го запознала дедо ми на крстарење, се венчале, и се родила мајка ми. Таа е малку повеќе јапонка, но и таа е плавуша.

Јадеш суши од малечка?
-Не, сметам дека е ужасно, го мразам...

Дали те интересира да бидеш модел?
-Не, бидејќи немам висина. Како малечка, правев фотографии, но не се чувствувам удобно во тој свет. Тоа е нешто што ти ставаат, ти вадат, те допираат, и понекогаш немаат најдобар договор.

Но ја сакаш модата...
-Да, многу. Не се разочарувам за она што е во мода, туку ме интересира она што го носам, не би излегла во нешто што не одговара. Отсекогаш сакав да имам своја модна куќа. Сакам да дизајнирам нешто нормално за нормални девојки, како мене.

Каква облека сакаш да дизајнираш?
-Ми се допаѓа како се облекуваат Кејт Мос и близначките Олсен. Ми се допаѓа што никогаш не се елегантни, но истовремено се. Не се чувствувам удобно во фустан за на црвен тепих.

Се мешаш во облекувањето на Нико?
-Да, ми се допаѓа како се облекува. Но кога купува ми праќа фотографии дали и мене ми се допаѓа.

Ти го правиш истото?
-Не, но го прашувам што ми стои подобро.

0 коментари: