Што ќе гледаме утре во "Ангели"?

АНГЕЛИ 4
епизода 65: Трагедијата на Ромео и Јулија
премиера: 22 март 2013

Хоуп ја носи Мар преку тунелите во шумата, каде што е Тијаго и ја чека со скромен, но романтичен олтар, и и' предложува венчавка. Луз оди кај Рене, гледа дека таа заспала и дека сите камери се затемнети. Луз бара аудио и го слушаат разговорот помеѓу Тијаго и Мар.
Луз наредува на ловците да го уловат дивјакот што е во "НЕ". Тијаго бега, а Луз ја навредува Мар.Рене кажува на Симон за средбата помеѓу Тијаго и Мар. Јасмин се сретнува со Тео, со цел да дознае за Амадо, Тачо и Лука надгледуваат. Мелоди е уплашена за својот син. Луз планира план преку Мар да го улови Тијаго.
Му ја кажува стратегијата на Симон, а тој се обидува да му се јави на Тијаго да му каже да внимава. Јасмин се подготвува за нова средба со Тео, носејќи микрофон. Тачо и Лука ги следат. Тачо се чувствува љубоморен што Јасмин флертува со Тео. Алаи ја препознава Палома како дивјачка, Леон негира. Во меѓувреме, Тијаго се подготвува за средбата со Мар, додека Луз подготвува замка.
Начо ја води Тефи на прошетка, Лука ги гледа и станува љубоморен. Мелоди доаѓа кај џипот на Тео и Јасмин, му се заканува. Сака да го убие. Сите војници во "НЕ" се подготвуваат за фаќање на Тијаго.

0 коментари: