Што ќе гледаме утре во "Ангели"?

АНГЕЛИ 4
епизода 70: Провокација
премиера: 29 март 2013

Дечките го "завземаат" "НЕ" и организираат забава. Почнуваат да ја менуваат музиката што се слушала порано, со регаетон, сите танцуваат. Од друга страна, Тачо и Мелоди чекаат Тео да пристигне со Амадо. Луз го зема Амадо и наредува сите војници да отидат во "НЕ".
Во центарот за контрола не можат да видат што се случува во "НЕ", системите се блокирани. На забавата, Леон ги заведува Палома и Алаи, Рама се обидува да се приближи до Вале, Симон ги прекинува. Тамара разговара со Луз преку видео повик.
Војниците одат во "НЕ" и по наредба на Луз влегуваат. Сите треба да легнат на земја, но "дивјаците" ги нема. Во скривницата се сите заедно, среќни што Нина навреме ги извести.

Симон им се јавува за да им каже дека Тео е затвореник на Луз. Мелоди страда. Мар зборува со Тијаго преку воки-токи, Нина ги слуша. Луз му вели на Тео дека иако ја мрази, таа ќе го ресетира и повторно ќе биде како порано. Нина сака да дознае каде е бебето, оди кај Луз. Тамара се јавува на Рене и кажува за планот на Џеј.

0 коментари: