Што ќе гледаме утре во "Ангели"?
АНГЕЛИ 4
епизода 77: Радост
премиера: 9 април 2013
Вале и Симон одат на таванот, подготвени да водат љубов. Вале почнува да се сеќава на некои сцени од минатото. Во "флешбек" од 2018 година дознаваме дека Тачо и Јасмин се родителите на Алаи. Тачо помаѓа во пораѓањето на Јасмин, а откако ќе се породи, војници и го земаат детето. На тој начин, Алаи дојде во рацете на Луз.
Во сегашноста, возрасните Јасмин и Тачо се затвореници, а Нина и Кристобал инфилтрирани доаѓаат да ги ослободат. Од друга страна, Тачо и Јасмин се заблагодаруваат на Алаи што глумеше дека ја киднапирале. Рама страда гледајќи ги скршените очила на Кика. Тој чека пред компјутерот таа да му пише, но му се јавува некој друг. "Исла Негра" (Црн остров) од Чиле. Луз наредува на Симон да го пронајде Тео. Рама и Хоуп се среќаваат во новиот бункер, и тој и кажува за планот за акција за време на "Олимписките игри". Рене гледа како тие се упатуваат кон новиот бункер.
Тефи е шармирана од "Исла Негри", тој и' рецитира поеми преку видео повик. Во скривницата доаѓа Тео, заедно со Кристобал и Нина. Мар ја прашува Нина зошто и кажувала лошо за Тијаго.
0 коментари: