Што ќе гледаме утре во "Ангели"?

АНГЕЛИ 4
епизода 75: Огновите на љубомората
премиера: 5 април 2013

Јасмин почнува да чувствува љубомора  поради односот помеѓу Тачо и Мелоди. Тијаго е на чекор да падне во замката на Луз, Мар не е мртва, Симон и Тео се обидуваат да помогнат и одат кај Тијаго. Сите слават бидејќи Начо се сети. Симон и Тео дознаваат дека Тијаго е заробен, се обидуваат Кант да го спаси, а тој им кажува дека Тијаго е префрлен во друг сектор.Во "НЕ" сите почнуваат да дознаваат за ситуацијата на Тијаго. Тој пак, е подложен на "ресетирање", но поинтензивно од вообичаените. На неколку екрани се гледаат спомените што почнуваат да се бришат. Тијаго страда и издрува кога почнуваат спомените со Мар, кои ќе бидат уништени, очајно вика. Сите ја пречекуваат Мар среќни, бидејќи не е мртва, но сепак среќата не трае долго, поради состојбата на Тијаго.

Луз им вели на Симон и Тео дека Кант е "ресетиран" и веќе не сметаат на него. Рама се чувствува љубоморен, бидејќи Начо се сети, а тој не. Јасмин ги гледа Тачо, Мелоди и Амадо и станува љубоморна и одлучува да разговара со Мелоди. Мар и Хоуп се јавуваат на Симон, само тој може да го спаси Тијаго, но неговата темна страна завладеала со него, верува дека она што му го прават на Тијаго е во ред.
Од ќелијата, Тијаго се обидува да го разбуди Симон. Леон е сеуште лут на Алаи, која се обидува да му се приближи, но тој не и простува. Луз оди кај Тео да се збогува со него, бидејќи го префрла во Блекспот, ужасно место каде што се праќаат "изгубени случаи". Кристобал комуницира со Алаи и и' кажува дека се обидува да ги спаси нејзините биолошки родители.

0 коментари: