Што ќе гледаме во следната епизода од "Ангели"?
АНГЕЛИ 4
епизода 76: Инструкции за да исполниш ветување
премиера: 8 април 2013
Симон ги исклучува апаратите на кои е приклучен Тијаго, и е во опасност да умре. Нина и Кристобал и велат на Алаи дека ќе се вратат штом ќе ги најдат нејзините биолошки родители. Луз го испраќа Тео на друго, побезбедно место. Рама продолжува да се допишува со Кика, заедно со Вале, Кика ветува дека во текот на денот ќе испрати знак дека не лаже.
Јасмин кажува дека Начо добил клуч, Мелоди и Тачо се обидуваат да и кажат на Јасмин за книгата, клучевите и за патувањето низ времето. Мар го притиска Симон да го спаси Тијаго, тој го зема Тијаго и оди без да знае каде. Добива инструкции од професорот.
Кристобал и Нина се обидуваат да го спасат Тео. Во "НЕ" Рама го бара знакот од Кика. Луз изјавува дека Тијаго повеќе нема да пречи. Професорот, Лука, Тачо и Јасмин влегуваат во "НЕ" преку тунелите, каде што се наоѓаат со останатите, подготвени да го остварат планот на професорот. Луз добива информација дека Нина помогнала на Кристобал да избега.
Тачо се јавува на Луз, велејќи и дека ја има Алаи и дека ќе ја ослободи ако Луз го ослободи Тијаго, а сето тоа е стратегија за да им го привлечат вниманието. Сите се подготвуваат да го внесат Тијаго на таванот, каде што го чека професорот.
На таванот, го ставаат Тијаго покрај часовникот, а професорот и објаснува на Мар за ситуацијата на Тијаго, велејќи и дека тој е помеѓу два света и бара од неа да зборува со него. Таа почнува да зборува за ветувањето да создаде подобар свет за двајцата.
0 коментари: