Што ќе гледаме утре во "Ангели"?

АНГЕЛИ
епизода 78: Моќта на жените
премиера: 10 април 2013

Тефи бега, не слушајќи ги причините на Начо, ниту на Лука, двајцата ја следат. Таа наоѓа мотор и решава да се качи за да избега. Возејќи удира во делегацијата на Чиле. Се среќава со "Исла Негри". Во скривницата, додека момците дискутираат што да прават и како да продолжат да се борат, Мар фантазира читајќи грчка комедија наречена "Лизистрата" и испирирана од тоа предлага на девојките да ја искористат моќта што ја имаат како жени за да го привлечат вниманието на момците.
Од друга страна, во "НЕ" Тефи го забрзува Начо да ја официјализираат нивната врска. Местото почнува да се полни со делегации од целиот свет поради "Олимписките игри". Начо не издржува повеќе да гледа толку многу девојки, неговата пиратска страна е посилна од врската што само што ја започна. Кристобал открива на Тијаго дека Алаи е биолошката ќерка на Тачо и Јасмин. На Рене и е смачено од наредбите на Луз и Тамара.
Симон се среќава со Луз, таа го информира дека за време на Олимпијадите ќе има задача за "чистење", искористувајќи ја атракцијата на публиката да ги испраша сите сомнителни што се во градот. Вале, возбудена и кажува на Хоуп за врската со Симон, Рене ја слуша и станува нервозна. Рама исто така.
Во шумата, момците го следат Лука, кој вели дека има план да ги спаси родителите на Алаи. Се среќаваат со Тера и група девојки кои соработуваат инфилтрирани. Хоуп слуша разговор помеѓу Луз и Рене, Луз спомнува дека Тачо и Јасмин се родителите на Алаи. Хоуп одлучува да му се јави на Кристобал, Алаи ја слуша. Во бункерот, момците вежбат кореографија со Тера и нејзините пријателки, сето тоа дел од планот за инфилтрирање. Тефи, Мар, Јасмин и Мелоди пристигнуваат на местото. Луз, Кристобал, Нина и Алаи планираат семејна вечера на која Луз ќе треба да ги каже сите лаги. Мар и Мелоди ги навредуваат Тијаго и Тачо. Тамара се јавува на Тера, двете имаат договор за атентат на Луз.

0 коментари: