Што ќе гледаме утре во "Ангели"?

АНГЕЛИ 4
епизода 95: Без лек
премиера: 3 мај 2013

Мислењата во "НЕ" се поделени на оние што се за рушење на ѕидот и оние против. Секоја група започнува со свои акции и кампањи, прават реклами. Торито разочарано од ситуацијата, оди во скривницата каде штое Луз, и започнуваат да разговараат. Симон признава на Тијаго дека тој го известил Џеј за Луз. Тијаго го разбира.
Луз е загрижена за Нина, Кристобал ја бара, никој не знае каде е. Сите се запрашуваат што видела Јасмин во визијата. Мар вети на никого да не каже. Рене кажува дека има начин да се открие што биле визиите. Тефи страда после аферата со три момчиња, чувствува дека ја мразат, се обидува да зборува со Исла Негри и дознава дека Ветена Земја отпатувала во Чиле. Јасмин дознава дека сакаат да ги видат визиите со помошта на Рене, па полудува.
Торито и Луз пристигнуваат на местото каде што се двете групи, кои се' повеќе се спротивставуваат. Двајцата градат мост, Луз зборува пред сите и вели дека треба да завладее мир, градејќи мостови. Пристигнуваат војници кои го прекинуваат настанот.

0 коментари: