Што ќе гледаме утре во "Ангели"?
АНГЕЛИ 4
епизода 100: Сите заедно
премиера: 13 мај 2013
Тин Ангелите се разбудија и бегаат. Тачо е збунет, не разбира што се случува. Луз и Рене успеваат да избегаат од нивната ќелија, ги спасуваат Нина и Вале, кои треба да бидат префрлени. Симон наредува да ги убијат.
Во скривницата, сите среќни го пречекуваат Нердито. Војниците успеваат да ги фатат Луз и Рене, додека Вале и Нина бегаат. Сите заедно во скривницата зборуваат за она што им се случило: Тин Ангели за сонот, Нердито за доживеаната авантура, Нина за бегањето со помошта на нејзината мајка. Тео и кажува на Мелоди дека се разбудил.
Симон се јавува на Тијаго и му вели единствениот начин Џеј да не постои, е тој да умре. Тијаго сака да го спаси, па подготвуваат план со кој Вале ќе му се јави на Симон и ќе му го привлече вниманието, додека Тијаго да отиде кај него. Мар е против тоа.
Џони пронаоѓа каде се наоѓа Кика.
Симон е на чекор да се самоубие, додека Тијаго излегува од скривницата за да го најде, но наидува на војници.
0 коментари: