Што ќе гледаме утре во "Ангели"?
АНГЕЛИ 4
епизода 98: Pura Zanata
премиера: 9 мај 2013
Во сонот, Рама се оправува од падот, сите го планираат шоуто за враќањето на Тинс. Кика страда, не може да го разбуди Рама, сака тој да реагира.
Симон се обидува да преговара со Лука, Тео и Кристобал. Им се заканува. Војниците што се со Симон мистериозни исчезнуваат, а дечките успеваат да побегнат во скривницата.
Новата цел на Симон е никој да не излезе ниту да влезе во скривницата. Леон сеуште има температура. Хоуп се грижи, и треба помош. Луз се јавува на Симон и му се заканува, сакајќи да ја види нејзината ќерка. Симон не попушта. Таа го притиска велејќи му дека може да ја "деактивира" Јасмин. Љека почнува да се чувствува подобро, му се враќаат сеќавањата. Кант продолжува да открива што се случува со Рама.
Од друга страна, Тефи плаче поради смртта на Нердито, Начо и вели дека ја излажал за да не ја загрижува. Таа се навредува. Во сонот, "Тин Енџелс" и "МАН" вежбаат заедно, среќни. Кика продолжува обидувајќи се да ги разбуди, но безнадежно е, сите се привлечени од популарноста што ја имаат. Вале продолжува да се јавува на Симон, тој не се јавува. Одлучува да оди кај него, се сретнува со војници. Љека го пронаоѓа својот клуч.
Џони, Начо, Мелоди, Тефи и Хоуп ги проучуваат визиите на Јасмин. Лука открива дека Начо ја излажал Тефи дека Нердито не починал. Тефи ги слуша двајцата и повторно почнува да плаче. И Есперанза дознава.
Вале доаѓа во градот, се среќава со Симон и се обидува да го разбуди, тој ја онесвестува. Џони добива порака по чат од Кика која бара помош. Во меѓувреме, во сонот, Кика е кај лекар, и тоа кај Кант, кој дознава дека таа е аномалијата кај Рама.
0 коментари: