Што ќе гледаме утре во "Ангели"?
АНГЕЛИ 4
епизода 99: Животот е сон
премиера: 10 мај 2013
Мар се сеќава на сонот во сонот. Кика и професорот се појавуваат во сонот за да и помогнат, професорот и зборува за "Животот е сон", од Калдерон де ла Барка. Мар знае дека треба да се разбуди и да ги разбуди другите. Џони одговара на пораката на Кика. Хоуп и Тефи страдаат поради смртта на Нердито, одлучуваат да му оддадат чест.
Кант се обидува да дознае која е причината за паѓањето на системот. Во сонот, Тинс се гледаат документарец за големото шоу.
Џони, Тео и Кристобал ги набљудуваат тунелите за да ги следат движењата на војниците, кои го истражуваат порталот. Тео сака да го помине порталот, и успева, но се појавува во друго време, војниците ги нема и не успева да контактира со останатите, сам е и изгубен.
Вале, која е затвореничка на Симон се обидува да му зборува да го разбуди. Нина бара да зборува со Џеј, ја поврзуваат со Симон, таа му вели дека ја има Роус.
Во сонот, се е подготвено за концертот. Тачо сака да "рокенролира" со Јасмин пред настапот. Мар и Кика подготвуваат стратегија за будење. Нина се среќава со Симон и му бара да ги ослободи дечките, Џеј му наредува на Симон да ја убие.
0 коментари: