КАДЕ Е ДРУ? - ПРОДОЛЖЕНИЕ 01 - „ПИЛОТ“
ПИЛОТ
-Триесет.
-Шеесет.
-Четириесет и
ниту еден повеќе. – се обидуваше Лукас да го заврши разговорот.
-Не биди смешен
Лукас, со четириесет гости не можеш да направиш забава. – продолжи Дру.
-Но моите...
-Опушти се. Зошто
да дознаат тие? Нели рече дека ќе бидат две седмици во Хјустон?
-Да, ама...
-Ајде, не биди
парти-брејкер.
-Секогаш ме
убедуваш, Дру. Ако дознаат моите, готови сме. – се согласи Лукас сеуште
двоумејќи се.
-Значи шеесет
гости? – Дру се обидуваше да бенефицира.
-Педесет! Ниту
еден повеќе.
-Ова ќе биде
забавата на годината. После, сите во „Ел Монте“ ќе зборуваат за тебе и Кетрин
со месеци.
-Кетрин е
проблемот, не знам дали ке се согласи.
-Препушти ми ја мене, - рече Дру со голема сигурност – таа мене не може да
ме одбие.
-Не се сомневам. – се насмеа Лукас, - еве ја доаѓа.
-Љубов. – рече Кетрин доближувајќи му се.
-Види, Кетрин, треба да разговараме. – и рече Дру избегнувајќи го
поздравот.
-За што се работи? – беше збунета.
-Утре е твојот роденден. – почна Дру.
-И мојот! – дополни Лукас.
-Така де, утре е вашиот роденден, па одлучивме...вие двајца... да направите
забава.
-Одлучивте? Дефинитивно не, Дру. Види
Лукас, не заборавај дека роденденот е на двајцата, што значи двајцата
одлучуваме.
-Зарем си во состојба да ме одбиеш мене, срце?
-Еј, ова е емотивна уцена, нема да потпаднам.
-Не полниш секој ден шеснаесет, ајде согласи се, само педесет гости.
-Без алкохол, без цигари. Тоа е мојот услов.
- Само во градината, куќата ќе биде заклучена. – дополни Лукас.
-Еј, и не ја повикувајте Лорена. Да знаеш дека ќе се налутам. – рече Кетрин
со наредливост во гласот.
-Во ред... – промрморе Дру.
-Ќе направам список со гости. – продолжи Кетрин.
-Препушти ни го тоа нам. Не грижи се ќе ги повикаме сите твои другарки.
-Срце си, Дру. – му рече и го бакна, - јас ќе одам надвор, се имам
договорено со другарките. Лукас, имаш доручек во фрижидерот. И не правете хаос.
Во следното продолжение: Дру го прекршува ветувањето, стотици гости, алкохол, цигари, дрога, една од најдобрите забави во Њу Џерси последните години. Што се се случува во куќата на Махоне без тие да знаат? Дали забавата би била најдобра, и дали би била забава воопшто, ако носи жртва?

0 коментари: