Showing posts with label prodolzenija. Show all posts

КАДЕ Е ДРУ? - ПРОДОЛЖЕНИЕ 03 - „ЖИВА ЛИ Е?“

ЖИВА ЛИ Е?


-Госпоѓо, вашиот син го нема само два часа.
-Два часа? Јас сум сигурна дека...
-Видете госпоѓо, се работи за шеснаесетгодишник, тој е тинејџер. Најверојатно е да излегол негде од забавата. Јас сум сигурен дека е во ред. – се обидуваше полицаецот да ја утеши Луна Катер.
-Да, душо. Мислам дека полицаецот е во право. Ендру ќе се врати вечерва. – додаде Иван обидувајќи се да го скрие стравот кој го чуствуваше.
-Не! Јас го познавам мојот син, а мојот мајчински инстикт не ме лаже. Знам дека мојот син е во неволја.
-Госпоѓо, сигурни ли сте дека сте немале никаква расправија, или никаков разговор што би можело да го налути вашиот син?
-Што? Сакате да кажете дека јас сум виновна што Дру го нема?
-Душо, полицаецот не го рече тоа. Не сме имале никаква расправија.
-Ако не сакате да сторите ништо за мојот син, јас сама ќе го барам.
-Ве молам госпоѓо, како што реков најверојатно е да излегол од забавата. Можеби е со некоја девојка. Тоа е нормално за таа возраст.
-Тој има девојка. Впрочем, забавата беше на неговата девојка и неговиот најдобар другар. Колкава е веројатноста да излегол од забавата, како што велите?
-Ако толку инсистирате, ќе задолжам неколку полицајци да ја прегледаат околината. Што се однесува до вас, јавете се на неговите познаници, пријатели. И на вашите роднини, можеби отишол негде.
-Ви благодарам господине Рејли. – рече Иван Катер и се ракуваше со полицаецот.
-Молам? – одговори Луна на повикот на телефон.
-Госпоѓо Катер? – беше Кетрин.
-Да?
-Јас сум Кетрин Махоне. Има ли новости околу Дру?
-Се е исто, мила. Полицијата инсистира дека излегол од забавата, и дека до вечер ќе се врати.
-Не, госпоѓо. Јас сум сигурна дека Дру не излегол доброволно. Имам некое лошо претчуство.
-И јас чуствувам... – рече Луна плачејќи.
-Бидете силна, госпоѓо. Тешко е, но треба да издржиме. Дру не би сакал да не види така.
-Давам се од себе, мила. Сега извини ме, треба да исклучам.
-Госпоѓо Катер?
-Да?
-Ве молам, било што да се случи, известете ме. – рече Кетрин и ја спушти слушалката.
-Кој беше? – праша Иван кога Луна ја спушти слушалката.
-Кетрин, девојката на Ендру.
-Разговарав со мајка ми, ќе дојде во Њу Џерси, рече да сметаме на неа – рече Иван додека го отклучуваше автомобилот. – Ајде, влези.
-Уште таа недостига, Иван. Таа никогаш не е од помош. Секогаш ме критикува и ме понижува бидејќи не доаѓам од семејство достојно на нејзиното.
-Обиди се да се согласуваш со неа, Луна. Знам дека е тешко да се трпи жена како неа, но игнорирај ја. Не потпаднувај на нејзините провокации.
-Иваааан, внимаваааај! – вресна Луна, а Иван нагло закочи со автомобилот, и излегоа.
-Жива ли е? – праша Луна додека очите и беа ококорени од страв.



КАДЕ Е ДРУ? - ПРОДОЛЖЕНИЕ 02 - „ЗАБАВА КАЈ МАХОНЕ“

ЗАБАВА КАЈ МАХОНЕ


-Што е тоа, Дру? Ми вети педесет, а веќе има повеќе. Што си сторил? – беше нервозен Лукас.
-Ти само уживај.
-До утре градината нема да можам да ја препознаам, готови сме, моите ќе ме убијат.
-Еј Дру! – викна Кетрин од далеку.
-Доаѓа сестра ми, нервозна е. Си загазил, брат.
-Дру, ми рече дека нема да ја поканиш Лорена, - беше нервозна Кетрин – ете ја таму.
-Не сум ја повикал, веројатно сама дошла.
-Поверував.
-Лукас, дај ни клуч од куќата. – му се обрати Дру.
-Еј, договорот беше дека куќата останува заклучена.
-Не ме зезај, брат. Ни треба на мене и Кетрин малку сами да бидеме.
-Ако е за вас, еве, но внимавајте никој да не види. – му го врачи клучот.
-Најдобар си. – му рече и му подаде рака во знак на благодарност.
-Одиме? – праша Кетрин.
-Ајде. Уште си лутна поради Лорена? – ја праша Дру додека ја одклучуваше вратата.
-Уште и прашуваш?
-Ајде влези. Ти кажав колку си убава вечерва?
-Само вечерва?
-Вечерва си посебна.
-Ајде не ми се умилкувај. Ти простив веќе, тебе не можам да ти бидам лутна.
-Почекај ме за момент, ќе се симнам по пијачки. Веднаш се враќам. – рече Дру и тргна.
-Еј, Дру.
-Е? – се заврте.
-Знаеш дека те сакам.
-Знам. – се насмевна Дру и ја затвори вратата.
Се слушна ѕвонење на телефон.
-Ало? – одговори Кетрин.
-Среееќен роденден миличка.
-Полека мамо, ме оглуве.
-Како е дома? Со кого го прославувате роденденот?
-Ете...со...со...повикавме два-три другари...
-Дај ми го брат ти, да му го честитам роденденот.
-Неее... Тој...не...не може...
-Зошто?
-Тој не може да зборува, во бањата е.
-Уф, штета. Честитај му го роденденот и бакни го од мене. Ве поздравува многу татко ви. Ајде, и не правете хаос дома, бидете мирни. Ќе се слушнеме утре. – рече мајка и и ја спушти слушалката.
-Забога, каде ли се изгуби Дру? Веќе петнаесет минути го нема. Полноќ е... – ја отвори вратата Кетрин и се симна. – ДРУ? Овде си? ДРУУУ? Дру ова веќе не е смешно, излези веднаш пред мене. ДРУУУ?!
Се отвори вратата од куќата. Беше Лукас.
-Кетрин?! Дојдоа родителите на Дру да го соберат. Повикај го веднаш, да не чекаат.
-ДРУ? Родителите... – зборуваше Кетрин со изгубен поглед.
-Кетрин, ајде веќе повикај го. Да не стане бесен господинот Катер.
-Дру... тој слезе по пијалок... Дру не се врати... Лукас, го нема Дру!!!



КАДЕ Е ДРУ? - ПРОДОЛЖЕНИЕ 01 - „ПИЛОТ“

ПИЛОТ

-Триесет.
-Шеесет.
-Четириесет и ниту еден повеќе. – се обидуваше Лукас да го заврши разговорот.
-Не биди смешен Лукас, со четириесет гости не можеш да направиш забава. – продолжи Дру.
-Но моите...
-Опушти се. Зошто да дознаат тие? Нели рече дека ќе бидат две седмици во Хјустон?
-Да, ама...
-Ајде, не биди парти-брејкер.
-Секогаш ме убедуваш, Дру. Ако дознаат моите, готови сме. – се согласи Лукас сеуште двоумејќи се.
-Значи шеесет гости? – Дру се обидуваше да бенефицира.
-Педесет! Ниту еден повеќе.
-Ова ќе биде забавата на годината. После, сите во „Ел Монте“ ќе зборуваат за тебе и Кетрин со месеци.
-Кетрин е проблемот, не знам дали ке се согласи.

-Препушти ми ја мене, - рече Дру со голема сигурност – таа мене не може да ме одбие.
-Не се сомневам. – се насмеа Лукас, - еве ја доаѓа.
-Љубов. – рече Кетрин доближувајќи му се.
-Види, Кетрин, треба да разговараме. – и рече Дру избегнувајќи го поздравот.
-За што се работи? – беше збунета.
-Утре е твојот роденден. – почна Дру.
-И мојот! – дополни Лукас.
-Така де, утре е вашиот роденден, па одлучивме...вие двајца... да направите забава.
 -Одлучивте? Дефинитивно не, Дру. Види Лукас, не заборавај дека роденденот е на двајцата, што значи двајцата одлучуваме.
-Зарем си во состојба да ме одбиеш мене, срце?
-Еј, ова е емотивна уцена, нема да потпаднам.
-Не полниш секој ден шеснаесет, ајде согласи се, само педесет гости.
-Без алкохол, без цигари. Тоа е мојот услов.
- Само во градината, куќата ќе биде заклучена. – дополни Лукас.
-Еј, и не ја повикувајте Лорена. Да знаеш дека ќе се налутам. – рече Кетрин со наредливост во гласот.
-Во ред... – промрморе Дру.
-Ќе направам список со гости. – продолжи Кетрин.
-Препушти ни го тоа нам. Не грижи се ќе ги повикаме сите твои другарки.
-Срце си, Дру. – му рече и го бакна, - јас ќе одам надвор, се имам договорено со другарките. Лукас, имаш доручек во фрижидерот. И не правете хаос.



Во следното продолжение: Дру го прекршува ветувањето, стотици гости, алкохол, цигари, дрога, една од најдобрите забави во Њу Џерси последните години. Што се се случува во куќата на Махоне без тие да знаат? Дали забавата би била најдобра, и дали би била забава воопшто, ако носи жртва?