КАДЕ Е ДРУ? - ПРОДОЛЖЕНИЕ 02 - „ЗАБАВА КАЈ МАХОНЕ“
ЗАБАВА КАЈ МАХОНЕ
-Што е тоа, Дру? Ми вети педесет, а веќе има повеќе. Што си сторил? – беше нервозен Лукас.
-Ти само уживај.
-До утре градината нема да можам да ја препознаам, готови сме, моите ќе ме
убијат.
-Еј Дру! – викна Кетрин од далеку.
-Доаѓа сестра ми, нервозна е. Си загазил, брат.
-Дру, ми рече дека нема да ја поканиш Лорена, - беше нервозна Кетрин – ете
ја таму.
-Не сум ја повикал, веројатно сама дошла.
-Поверував.
-Лукас, дај ни клуч од куќата. – му се обрати Дру.
-Еј, договорот беше дека куќата останува заклучена.
-Не ме зезај, брат. Ни треба на мене и Кетрин малку сами да бидеме.
-Ако е за вас, еве, но внимавајте никој да не види. – му го врачи клучот.
-Најдобар си. – му рече и му подаде рака во знак на благодарност.
-Одиме? – праша Кетрин.
-Ајде. Уште си лутна поради Лорена? – ја праша Дру додека ја одклучуваше
вратата.
-Уште и прашуваш?
-Ајде влези. Ти кажав колку си убава вечерва?
-Само вечерва?
-Вечерва си посебна.
-Ајде не ми се умилкувај. Ти простив веќе, тебе не можам да ти бидам лутна.
-Почекај ме за момент, ќе се симнам по пијачки. Веднаш се враќам. – рече
Дру и тргна.
-Еј, Дру.
-Е? – се заврте.
-Знаеш дека те сакам.
-Знам. – се насмевна Дру и ја затвори вратата.
Се слушна ѕвонење на телефон.
-Ало? – одговори Кетрин.
-Среееќен роденден миличка.
-Полека мамо, ме оглуве.
-Како е дома? Со кого го прославувате роденденот?
-Ете...со...со...повикавме два-три другари...
-Дај ми го брат ти, да му го честитам роденденот.
-Неее... Тој...не...не може...
-Зошто?
-Тој не може да зборува, во бањата е.
-Уф, штета. Честитај му го роденденот и бакни го од мене. Ве поздравува
многу татко ви. Ајде, и не правете хаос дома, бидете мирни. Ќе се слушнеме
утре. – рече мајка и и ја спушти слушалката.
-Забога, каде ли се изгуби Дру? Веќе петнаесет минути го нема. Полноќ е...
– ја отвори вратата Кетрин и се симна. – ДРУ? Овде си? ДРУУУ? Дру ова веќе не е
смешно, излези веднаш пред мене. ДРУУУ?!
Се отвори вратата од куќата. Беше Лукас.
-Кетрин?! Дојдоа родителите на Дру да го соберат. Повикај го веднаш, да не
чекаат.
-ДРУ? Родителите... – зборуваше Кетрин со изгубен поглед.
-Кетрин, ајде веќе повикај го. Да не стане бесен господинот Катер.
-Дру... тој слезе по пијалок... Дру не се врати... Лукас, го нема Дру!!!

0 коментари: