КАДЕ Е ДРУ? - ПРОДОЛЖЕНИЕ 03 - „ЖИВА ЛИ Е?“

ЖИВА ЛИ Е?


-Госпоѓо, вашиот син го нема само два часа.
-Два часа? Јас сум сигурна дека...
-Видете госпоѓо, се работи за шеснаесетгодишник, тој е тинејџер. Најверојатно е да излегол негде од забавата. Јас сум сигурен дека е во ред. – се обидуваше полицаецот да ја утеши Луна Катер.
-Да, душо. Мислам дека полицаецот е во право. Ендру ќе се врати вечерва. – додаде Иван обидувајќи се да го скрие стравот кој го чуствуваше.
-Не! Јас го познавам мојот син, а мојот мајчински инстикт не ме лаже. Знам дека мојот син е во неволја.
-Госпоѓо, сигурни ли сте дека сте немале никаква расправија, или никаков разговор што би можело да го налути вашиот син?
-Што? Сакате да кажете дека јас сум виновна што Дру го нема?
-Душо, полицаецот не го рече тоа. Не сме имале никаква расправија.
-Ако не сакате да сторите ништо за мојот син, јас сама ќе го барам.
-Ве молам госпоѓо, како што реков најверојатно е да излегол од забавата. Можеби е со некоја девојка. Тоа е нормално за таа возраст.
-Тој има девојка. Впрочем, забавата беше на неговата девојка и неговиот најдобар другар. Колкава е веројатноста да излегол од забавата, како што велите?
-Ако толку инсистирате, ќе задолжам неколку полицајци да ја прегледаат околината. Што се однесува до вас, јавете се на неговите познаници, пријатели. И на вашите роднини, можеби отишол негде.
-Ви благодарам господине Рејли. – рече Иван Катер и се ракуваше со полицаецот.
-Молам? – одговори Луна на повикот на телефон.
-Госпоѓо Катер? – беше Кетрин.
-Да?
-Јас сум Кетрин Махоне. Има ли новости околу Дру?
-Се е исто, мила. Полицијата инсистира дека излегол од забавата, и дека до вечер ќе се врати.
-Не, госпоѓо. Јас сум сигурна дека Дру не излегол доброволно. Имам некое лошо претчуство.
-И јас чуствувам... – рече Луна плачејќи.
-Бидете силна, госпоѓо. Тешко е, но треба да издржиме. Дру не би сакал да не види така.
-Давам се од себе, мила. Сега извини ме, треба да исклучам.
-Госпоѓо Катер?
-Да?
-Ве молам, било што да се случи, известете ме. – рече Кетрин и ја спушти слушалката.
-Кој беше? – праша Иван кога Луна ја спушти слушалката.
-Кетрин, девојката на Ендру.
-Разговарав со мајка ми, ќе дојде во Њу Џерси, рече да сметаме на неа – рече Иван додека го отклучуваше автомобилот. – Ајде, влези.
-Уште таа недостига, Иван. Таа никогаш не е од помош. Секогаш ме критикува и ме понижува бидејќи не доаѓам од семејство достојно на нејзиното.
-Обиди се да се согласуваш со неа, Луна. Знам дека е тешко да се трпи жена како неа, но игнорирај ја. Не потпаднувај на нејзините провокации.
-Иваааан, внимаваааај! – вресна Луна, а Иван нагло закочи со автомобилот, и излегоа.
-Жива ли е? – праша Луна додека очите и беа ококорени од страв.



0 коментари: