Кои познати личности ќе бидат дел од втората сезона на „Tu cara me suena“?
Познатото шоу кое има верзии во повеќе земји од светот, а во кое познатите имитираат познати личност, ја започнува својата втора сезона во Аргентина.
Во април, "Tu cara me suena" ќе се врати со втора сезона на Телефе, а веќе се шпекулираат имиња на учесници.
Веќе потврдено е дека учество ќе земе Оријана Сабатини, која го глумеше ликот на Азул во "Aliados", а било понудено учество и на Николас Франчеља (Инти), но тој одбил. Меѓу другите потврдени учесници се и Марко Антонио Капони (Gradudos), Флоренсија Пења, како и Лаура Ескивел и Џеј Мамон, кои по втор пат се натпреваруваат.
Во претходната сезона учествуваше Бенџамин Амадео (Тео), кој го освои 5-то место.
0 коментари: