Нови производи во АМ онлајн продавницата
Нови производи ве очекуваат во нашата онлајн продавница!
На Ваше барање, додадовме фотографии со автограм од Еугенија Суарез и Росио Игарзабал, а истите чинат 23 мандалаи, како и сите автограми.
Како функционира онлајн продавницата?
Во АМ Онлајн продавницата ќе можете да купите фотографии од Ангели, кои се плаќаат со мандалаи.
Како да добијам мандалаи?
Мандалаите ги добиваат победниците во игрите 'Кој е позади часовникот?', 'Прашања и одговори' и 'Погоди ја песната'. Треба само да одговорите точно, а најсреќниот (не првиот што ќе напише) ќе добие мандалаи.
Што потоа?
Откако ќе добиете мандалаи, ќе треба да го пополните формуларот, за кој ќе најдете линк на страницата на онлајн продавницата: www.am-onlajn.blogspot.com
0 коментари: