Интервју со Питер Ланзани (Тијаго) на македонски јазик

Тој е срцекршачот по кој лудуваат голем број тинејџерки и предизвикува голема возбуда каде и да оди. Го запознавме во "Ангели", продолжи со ликот на Елисео во серијата "La Dueña", a oваа година ќе биде дел од новата серија на Крис Морена, "Aliados". Исто така, дел е и од мјузиклот "Camila, nuestra historia de amor", чија премиера е во април годинава.

Како дојде на малите екрани?
-Пред неколку години, играв фудбал на плажа со моите пријатели и дојде една госпоѓа, ме замоли да се фотографирам со едни момци, за да споредиме висина и возраст. Ми побара број и зборуваше со моите родители за да направи кампања за една марка за детска облека. Прифативме. Ја направив првата кампања, ја направив и втората, и веќе во третата не ми се фаќаше облеката (се смее). Едно попладне, дома, пиевме чај со мајка ми и мојот брат кога заѕвони телефонот. Мајка ми се јави и и рекоа: "Ви се јавувам за кастингот на Крис Морена. Сакаме да го видиме вашиот син".
Најпрвин дојде "Chiquititas", па "Aнгели".


Дали во некој момент си помислил дека не е тоа нешто случајно и дека навистина сакаше да биде актер?
-Секогаш ме интересираше идејата. Сфатив дека многу ми се допаѓа и дека морав да се откажам од многу работи поради тоа. 

Како се справуваш со популарноста?
-Се обидувам да ја земам како дел од сето ова. Ми се допаѓа што луѓето ме поддржуваат, освен семејството и пријателите, првите што ме поддржуваат кога треба да одлучам нешто важно се фановите.

Што те најмногу изненадува кај обожавателите?
-Дека се на сите страни или пак,  правам нешто и сите "твитнуваат". 

Зошто се заинтересираше за "La Dueñа"?
-Бидејќи ми изгледаше како голем личен предизвик. Ми го предложи Начо Виале, со кого се сложувам многу добро и чувствував дека треба да го прифатам за да покажам дека имам нешто друго. И со тој тим на актери чувствував дека треба да одам како сунѓер и да впивам се' што можам. Научив многу.

Ти беше страв да не изгубиш некои обожаватели-тинејџери?
-Не, бидејќи и моите обожаватели пораснаа. Тие можеа да избираат да или не, и вистината дека би сакале да ме видат во серијата. Ликот имаше различни сцени од дотогашните во "Aнгели", но имаше детска страна во себе.

Сега се враќаш повторно кај Крис Морена во нејзиното големо враќање...
-Да, ќе биде нејзиното враќање, што е нешто многу очекувано, со проект кој ќе удира во главите на сите.

Можеш нешто повеќе да кажеш?
-Не многу, ќе се вика "Aliados", ќе биде ептен мјзиклички. Веќе има работилница со дечки кои пејат и кои се одлични. Сигурно ќе има албум со песни и настапи во театар. Серијата е како чудна мешавина од небото и земјата, но само тоа можам да кажам.

"Тин Енџелс" беше долг пат од кој сеуште се враќаш?
-И никогаш нема да се вратам. Еднаш "твитнав": "Бев, сум и секогаш ќе бидам 'Тин Ангел'". За мене, групата ми го обележи животот. Го претрчавме светот, запознавме многу луѓе, снимавме албуми, добивавме награди, имавме концерти. Искуства што никогаш нема да ги заборавиме.

Пријатели сте помеѓу вас?
-Да, секако. Се обидуваме да се гледаме барем еднаш неделно, и ако неможеме, еднаш месечно.

Во што мислиш дека треба да се подобриш?
-Во се'. Музички, во пеењето, мислам дека многу ми фали. И во актерстово, прашањето е да се ослободам од стравот и да започнам да играм. Треба да продолжам да учам.

Што сакаш за во иднина?
-Приватно, да продолжам да бидам со моето семејство. Можеби да ја најдам својата љубов. Ептен сакам венчавка, деца, и сето тоа. Не сеуште не сум имал прилика. Професионално, да продолжам да се усовршувам, да работам тука или надвор.

Ти смета епитетот "фраер"?
-Не, воопшто. Тоа го работам. Едноставно глумам и се обидувам да ги освојам луѓето.

Со дечки од твојата возраст имаше проблеми со популарноста и работата?
-Како мал, да. Имав многу проблеми. Ништо не им се допаѓаше. Сакаа да ме убијат. А денес, со оние што имав најмногу "борби", најдобро се сложувам.

0 коментари: