Интервју со Лали Еспосито (Мар) на македонски јазик

Се гледаш сеуште со пријатели од детството?
-Да, имам пријатели од цел живот и сеуште се гледаме, како што е Еуге (Јасмин), Канде (Тефи) и многу други со кои работам од малечка и секако, тие се дел од моите пријатели од детството.

Што мислиш за луѓето што лесно сака да добие популарност?
-Да сакаш да бидеш популарен не е сакање да бидеш актер. Тука е разликата, ако бараш само да бидеш популарен ќе удриш со глава во ѕид, бидејќи денес сите те познаваат, но доаѓа некој друг кој привклекува повеќе внимание отколку тебе и ти излегуваш од сцената.



Кое е најегзотичното место на кое сте биле на турнеја со "Тин Енџелс"?
-Израел. Почнувајќи од тоа што пишуваат од десно на лево. Поради ситуацијата во државата, тинејџерите се повеќе ги гледаат сериите на Крис Морена, кои даваат порака за надеж и слобода. Кожата ми се ежеше кога пеевме таму, тоа беше нешто единствено.

Омилени песни од "Тин Енџелс"?
-"Escapare" и "Para vos".

Пееш со твоето момче, Бенџамин Амадео (Тео)?
-Тој е голем музичар. Повеќе сакам тој да пее.

Би сакала да глумиш негативка?
-Да. Би сакала да експериментирам со секакви ликов.

Што е најлудото нешто што обожавател/ка го направил/а за тебе?
-Да го истетовира моето лице на својот грб. Најинтересното е што го прашав мојот татко дали би го тетовирал моето лице на неговиот грб, а тој одлучно рече НЕ!

0 коментари: