Лали (Мар): "Немам поим за рејтингот на 'Solamente Vos'"
Лали Еспосито (Мар) зборуваше со "Teleshow" за "Solamente vos", серијата во која глуми една од ќерките на Хуан (Адријан Суар).
"Немам поим за рејтингот, не е нешто што следам", вели Лали откако ја прашаа за рејтинзите на серијата. "Сфаќам дека треба да се знае, бидејќи од тоа зависи како ќе продолжи приказната".
Рејтинзите на серијата се движат добро. Со премиерата серијата успеа да го надмине хитот "Dulce amor".
Бидејќи е нова во "Pol-Ka" Лали коментираше за однесувањето: "Нова сум, но сепак се однесуваат многу добро со мене. Колегите се големи актери и личности".
0 коментари: