Што ќе гледаме во следната епизода од "Ангели"?

АНГЕЛИ 4
епизода 71: Јагнешка кожа
премиера: 1 април 2013

Тамара пристигнува во "НЕ", се претставува пред сите како интервенција на Корпорацијата, дечките се фасцинирани од неа. Луз планира да се инфилтрира помеѓу дивјаците за да го фати Тачо и Тијаго, Рене е нејзиниот соучесник. Луз одлучува да се претстави пред дечките враќајќи го Амадо и глумејќи жалење, за да ја здобие нивната доверба.
Во "НЕ", дечките организираат ноќни средби за да продолжат со плановите на Отпорот. Ќе ја снимаат втората епизода од "Семејствтото Ѕид", ќе истражуваат каде е е Тео и ќе направат креативна интервенција.

Во меѓувреме, Мелоди се враќа со Амадо, и раскажува за средбата со Луз, која останала во шумата со Тачо. Тијаго оди да се сретне со неа. Од друга страна, Лука се сретнува со Нина, Тера и Фони, собираат оружје и подготвуваат напад.
Тео ги навредува сите од својата ќелија. Симон и Јасмин се обидуваат да комуницираат со него за да го смират, Јасмин му бара да издржи. Војници одлучуваат да го преместат.
Во шумата, Тијаго се сретнува со Луз, таа го прегрнува, со каење. Џони одлучува да ја снима Луз. Рама, од негова страна, прави веб страница за да контактира со отпори од други градови од светот. Начо организира изненадување за Тамара, кореографија во "НЕ".
Нина се сретнува со Кристобал, и одат кај Алаи. Тео се преправа дека е "ресетиран". За време на снимањето на втората епизода од "Семејството Ѕид", Тефи зборува за "МАН" и пејат песна. Начо станува емотивен. Луз кулминира со исповед, Џони си оди за да го емитува сниманото што побргу. Тијаго останува со неа, кој планира да и стави мистериозна хемикалија во нејзиниот пијалок.

0 коментари: