Дали Луз се сети на нејзиното минато?
Во вчерашната епизода Луз отиде во шумата, каде што се сретна со Тачо и Мелоди, велејќи им дека се сетила на нејзиното минато и дека и е жал за се' што сторила.
Емотивна сцена на Луз во шумата заедно со Тачо и Мелоди. Луз кажува дека се сетила на нејзиното минато, благодарение на Амадо, кого го зема од Тео. Но дали навистина се сеќава или е само нејзина манипулација?
Ако не сакате да дознаете што ќе се случи, не читајте го следниот текст...
Средбата со Тачо и Мелоди е осмислен план на Луз, а нејзината цел е да се инфилтрира во "Отпорот" заедно со Рене, при што ќе ги фати Тијаго и Тачо.
За да и поверуваат дека навистина и е жал и дека се сеќава, таа го предава Амадо на Мелоди. Во следната епизода Луз ќе се сретне со Тијаго, ќе му признае се', а сето тоа ќе биде снимано од страна на Џони.
Не пропуштајте ја следната епизода!
0 коментари: