Лали (Мар): "Бенџа (Тео) го гледам како иден сопруг и татко на моите деца"

Лали Еспосито (Мар) има само 21 година, но многу време поминато на телевизија како и во театар. Со само 10 години, си отиде од дома за да оди на кастинг и судбината ја стави пред Крис Морена, нејзината голема учителка.
"Избегав од мојата куќа со сестра ми, која имаше 15 години, и отидовме заедно да направиме проба за една програма што видов на реклама. Но отидов на погрешниот кастинг, и отидов кај Крис Морена", вели Лали.
"Кога влегов, ми рекоа: Па, кажи ни од каде доаѓаш, и јас им велам: од дома. -Не, од која агенција, ме прашува. Разговаравме, а истата недела заѕвони телефонот дома и мајка ми се јави. Крис Морена? Каков кастинг? И добро, тогаш морав да и ја кажам вистината", продолжи.

Конечно, во 2003 стана дел од "Rincon de luz", потоа продолжи во "Chiquititas", "Floricienta" и "Ангели". Во последната серија беше дел од музичката група "Тин Енџелс" со која се прослави низ повеќе земји. "Се качував на сцената и бев среќна, но веќе немав ништо да предадам. Беа многу концерти, направивме сезони со над 70 концерти".
Но оваа година ја остави Крис Морена и се расположи да прифати понуда од Адријан Суар за да биде дел од серијата "Solamente vos": "Има голема разлика помеѓу да не бидеш благодарен и да не веруваш. И јас сум многу благодарна на Крис, ми даде се'. Адријан Суар секогаш ме имаше на ум и овој пат му реков да".
Лали се пресели во сама во стан во Палермо и ужива во врската со актерот Бенџамин Амадео (Тео), со кого се заедно веќе две години.
Лали исто така зборуваше како го запознала своето момче, со кого заедно работеа во "Ангели": "Јас бев заедно со Питер (Тијаго). Бевме заедно од 14 до 18 години. Но да ти кажам, не ја запознав љубовта досега. Кога завршуваше 'Aнгели' станав свесна дека сум заљубена. Би снимила филм со нашата приказна. Еден ден му реков: 'Да престанеме да се шегуваме и да бидеме заедно. Не живееме заедно но го гледам како мој иден сопруг и татко на моите деца".

0 коментари: