Алаи ќе раскаже на својата мајка дека постојат тунели, преку кои влегуваат дивјаците.
Иако вети на Леон дека нема да кажува, Алаи нема да издржи и ќе раскаже на Луз за тајните тунели, каде што Луз ќе испрати војници. Како дечките ќе се справат со тоа?
Валентина Зенере, односно Алаи од четвртата сезона на "Ангели" веќе е во работилниците на Крис Морена, односно се подготвува за серијата "Aliados". Освен избраните од кастингот, во работилниците се и некои избрани од страна на Крис Морена, како што е во случајот на Валентина Зенере. Но таа не е единствената. Се работи и за Гвадалупе Антон (Алели, сестрата на Рама).