Showing posts with label Кика. Show all posts

Кика ги спаси дечките од Симон?

Пред неколку епизоди, дечките се обидоа да излезат од "НЕ" за да однесат храна на гладните, но Симон и војните ги стопираа и почнаа да пукат, но не им успеа. Кој беше заслужен за тоа?

Рама започна со потрагата по Кика, а ќе дојде до фотографија на која ќе ја види Кика на стаклото од возилото со кое пренесуваа храна. Дали Кика ги спаси?

Рама ќе разговара со Кика

Во утрешната епизода Рама ќе успее да разговара со Кика, но што ќе дознае?

Рама стапува во контакт со Кика, но дали е навистина таа? И ако е таа каде е? Не пропуштајте ја утрешната епизода!

Кика се враќа во "Ангели"

Она во што се сомневавте е вистина.

Ликот на Кика се враќа, а ќе има и објаснување во серијата што се случило и дали е мртва. Кика, ликот кој го глуми Даниела Колини повторно ќе се појави во "Ангели", но со пократка коса.

Да потсетиме, дека кога се врати Даниела Аита, која што го глумеше ликот на Каридад, не пристигна во сегашноста, туку во минатото, па можно е истото да се случи и со Кика. Не пропуштајте ги следните епизоди!

Кика испраќа знак на Рама дека не го лаже

TOP GUN: Не би сфатил...
Рама: Дека си мртва?
TOP GUN: Веруваш во духови?
Рама: Не, ти?
TOP GUN: Ниту јас.
Рама: Каде си?
TOP GUN: Ти ветувам дека ќе примиш знак дека не те лажам...

АНГЕЛИ4: Сомнителната смрт на Кика


Се збогувавме со ликот на Кика, откако Симон пукаше во неа, сакајќи да го убие Тијаго.

Кика се збогуваше со зборовите: "Ја исполнив својата мисија, знам што сакам, љубовта ме смени"... за што служи исполнувањето на мисијата, кога умираш млад? Зошто смртта на Кика имаше смисла?
Вистина е дека откако Кика се приклучи во четвртата сезона, таа беше многу нејасна, немаше многу смисла, нејзината страст кон технологијата немаше многу смисла, бидејќи Џони беше одговорен за истата. Но Кика 'повторно се појави' кога Рама ја откри вистината и кога одлучи повторно да биде со неа.

Дали знаевте дека Даниела Колини (Кика) глумеше во втората сезона од "Ангели"?

Дали знаевте дека Даниела Колини (Кика) глумеше во втората сезона на "Ангели"? Да, втората сезона.

Сите што ја гледавме третата сезона знаеме дека во неа се појави ликот на Кика, но Даниела Колини, актерката што го толку ликот на Кика се појавила и во втората сезона.

Се работи за кратка сцена, во која Дани е со Агустин Сиера (Начо). Видеото можете да го погледнете со клик на "Прочитај повеќе"...

Утре ќе дознаеме кој е инфилтрираниот

Џони, Кика, Гонзало, Тера или Нина? Кој е инфилтрираниот? Одговорот на ова прашање ќе го дознаеме во утрешната епизода од "Aнгели", во која инфилтрираниот ќе биде откриен и ќе се заканува на дечките од "Отпорот" со пиштол вперен во Мелоди.
Утре, во 11 часот на Сител и 16 часот на Сител 3.

АНКЕТА: Кој мислите дека е инфилтрираниот?

Кика не е инфилтрираниот

Беше за очекување дека Кика не е инфилтрираниот и дека не работи за шефицата на министри.
Логично е што Кика не станала дел од "лошите", за Нина знаеме, па инфилтрираниот е Џони, Гонзало или Тера... Наскоро доаѓаат интересни епизоди, ја видовме средбата помеѓу Начо и Тефи, како и појавувањето на професорот, чиј лик го глуми Хорхе Суарез.