Иако заврши зимскиот распуст, "Ангели" и понатаму ќе се емитува само во еден термин, односно 11 часот, без репризата во 14 и 15 минути.
Сепак, среќно второ полугодие на сите!
Епизодите од четвртата сезона на Ангели што требаа да се емитуваат во понеделник и вторник (31 декември и 1 јануари) нема да се емитуваат поради Новогодишните празници. Серијата продолжува од 2 јануари (среда).
Денеска се разбудивме со веста дека Сител телевизија конечно ги откупи правата за емитување на 4 сезона од популарната светска тинејџерска серија Ангели. По толку обиди и скоро 2 години барање од фановите до сите телевизии да ја емитуваат серијата конечно добивме потврден одговор.
Можете да го погледнете промоционалното видео од Сител ТВ.