Вчера, 1 март, Томас Рос (малиот Кристобал) славеше роденден и наполни 14 години.
Со мало задоцнување, му посакуваме среќен роденден!
Томи Данстер ќе се појави во следните епизоди од "Ангели" со еден специјален лик кој веќе го познаваме од претходните сезони, но 20-тина години постар. Тој ќе го глуми ликот на Кристобал Бауер, синот на Николас Бауер.
Томас Рос ја глумеше младата верзија на ликот во 2007 и 2009, но бидејќи во серијата патуваа во времето, се најдоа со нивните возрасни "јас". Кристобал се враќа со многу важна мисија за дечките и многу интересна приказна.