Showing posts with label Super Torpe. Show all posts

Чин Чан од "Super Torpe" утре ќе се појави во "Ангели"

Актерката Чен Мин која што го глумеше ликот на Чин Чан во "Super Torpe", утре ќе ја  видиме во "Ангели".

Се работи за девојка која е од кинеската делегација, односно пристигнала поради "Олимписките игри" да го брани знамето на својата земја. Притоа, ќе биде од голема помош за дечките, а зошто, дознајте утре!

"Super Torpe" ќе се емитува во Италија

Како што се случува со сите тинејџерски серии од Аргентина, така и "Super Torpe" ќе почне со емитување во Италија.

"Super Goffa" е италијанскиот назив на серијата, а премиерата е на 15 април на италијанскиот канал Дизни. Првата сезона е планирана да заврши на 25 август.

Нема да има трета сезона на "Super Torpe"

Иаку се зборуваше за трета сезона од серијата "Super Torpe", сепак нема да има.
Кандела Ветрано (Тефи), главната личност во серијата ја потврди оваа вест на својот Твитер:
"За сите фанови на 'Supertorpe', сакам да ви кажам дека нема да се снима нова сезона. Наскоро ќе ви кажам нови новости!"