ЕКСКЛУЗИВНО: Запознајте се со ликовите од "Solamente Vos"

Адријан Суар и Наталија Ореиро се главните јунаци во новата серија "Solamente Vos", но исто така тука се и петте деца на Адријан. Запознајте ги...


ХУЛИЕТА КУСТО (Еугенија Суарез):
Најстарата ќерка. Таа е слабата точка на нејзината мајка и има многу лош однос со Даниела. Се запознава со верен човек, кој е спремен да се венча со друга жена.

ДАНИЕЛА КУСТО (Лали Еспосито):
Таа е помладата ќерка и е средношколка. Сака да биде актерка и пејачка. Се вљубува во Себастијан, екс-момчето на нејзината постара сестра, Хулиета.

МОРА КУСТО (Ангела Торес):
Има само 12 години и зборува како старица. Таа е најрационалната од сите во семејството.

ЕУХЕНИО КУСТО (Хоакин Фламини):
Има само 11 години и мисли дека знае се'. Останал да живее помеѓу жени, па повеќе сака да седи со својот татко.

ЛУЛИ КУСТО (Лола Поџио):
Најмладата ќерка, онаа што најмногу страда од разводот на своите родители.

0 коментари: