Интервју со екс-актери од "Ангели": "'Ќе ни биде тешко да ги тргнеме крилјата"

Во продолжение, интервју со Викторио д'Алесандро (Лука), Агустин Сиера (Начо) и Питер Ланзани (Тијаго) од 2010 година, кога се емитуваше четвртата сезона во Аргентина...

Како се справувате со успехот?
Агустин: Многу сме среќни, одзивот на луѓето овие четири години е неверојатен и многу сме среќни поради тоа. На почетокот беше многу јако, но потоа почнуваш да се навикнуваш и ти се допаѓа.
Викторио: Човек се навикнува на обожавателите бидејќи тоа е дел од она што го избираме и ме прави многу среќен.
Питер: Ме прави среќен што на луѓето им се допаѓа она што го постигнавме со многу љубов и желба овие четири години.


Треба да имате лимит за идржување...
Агустин: Темата да те препознаат е бидејќи те сакаат и ги правиш нештата во ред. Денот кога тоа нема да се случи е бидејќи нешто се случува, нешто не работи или заборавиле на тебе; но сме ниту уметници од Холивуд, што ги следат постојано.

Која е лошата страна на популарноста?
Агустин: Дека понекогаш луѓето забораваат дека сме исти како нив.
Питер: Не знам дали има лоша страна, тоа е тема на одлуки, но можеби понекогаш ти го одземаат времето, но тоа е бидејќи си сакал така да биде.

Зошто младите се гледаат себеси во ликовите од "Ангели"?
Викторио: Поради љубовната и еколошка порака, прикажуваме многу длабоки теми и тоа пристигнува да секого.
Питер: Веќе ги гледаме последните моменти, откако доживеавме четири години со емоции. Мислам дека се забавуваат со нас, и освен тоа, родители ни имаат честитано за пораката што ја пренесуваме на нивните деца. Некои велат дека Крис Морена е само за тинејџери, а вистината е дека не е така бидејќи има и драматични содржини.

Немате страв да не можете да ги тргнете крилјата?
Агустин: Не, идејата е да продолжиме да растеме.
Викторио: Нема да биде лесно да се тргнат, ќе ни биде тешко да ги тргнеме крилјата, но ги носам со голема гордост.


0 коментари: