Креаторката на Ангели подготвува нова серија


Каналот Телефе, на кој се емитуваа четирите сезони на Ангели, како и двете сезони на Aliados ја подготвуваат својата програма за следната година. 

Една од најважните работи е враќањето на Крис Морена, креаторката на најпопуларните аргентински тинејџерски серии. Се работи за кратка серија од 60 епизоди, а снимањата треба да започнат во јануари 2016 година. Исто како и Aliados, станува збор за проект кој ги спојува телевизијата и интернетот. 

Се' уште нема потврдени актери, но според извори, биле повикувани актери и актерки од претходните серии на Крис Морена, меѓу кои Лали Еспосито, Емилија Атиас и Факундо Арана.

Кого би сакале да видите во новата серија?

ИЗДРЖИ на македонски јазик

Еуге Суарез со неочекувана вест за свој иден проект


Еуге Суарез ја искористи премиерата на нејзиниот филм "Abzurdah" за да објави неочекувана новост. Новост за нешто на кое работела веќе некое време. 

Иако е зафатена со обврските како мајка и работи по цел, успева да издвои време и за своја линија за облека. Не откри многу детали, но призна дека дизајнерката Наталија Антолин го забележала вкусот на Еуге и заедно ќе ја претстават линијата "China by Antolin".

Благодарам на Наталија Антолин што ја разбира секоја моја идеја и ја претвора во фустан. Наскоро #ChinaByAntolin. - напиша Еуге на Инстаграм.

Погледнете ја трансформацијата на Николас Васкез за неговиот нов филм


Актерот објави фотографија на својот Твитер профил и го привлече вниманието на неговите следбеници. 

Николас Васкез ги изненади своите обожаватели со фотографија од новиот лик кој ќе го глуми. Се работи за филмот "Kryptonita", направен според новелата на Лео Ојола.

Прва фотографија од #Faisan ликот кој ќе го глумам во филмот #Kryptonita на #NicanorLoreti #LinternaVerde - напиша тој.

Освен Green Lantern, во филмот се појавуваат и Флеш, Бетмен и Џокер.


Лали Еспосито откри скриен талент


Една од најпопуларните тин идоли во Аргентина освен што пее, танцува и глуми, има и друго хоби. Дознајте кое!

На Лали не и фали ништо: убава, талентирана, забавна и ги сака најмалите. Затоа, после напорните снимања на серијата "Esperanza Mia", со тапани ги забавуваше нејзиниот внук и неговите пријатели. 

На роденденот на Санти, нејзиниот внук, Лали го покажа својот талент на тапани, што направи најмалечките да заиграат. Погледнете го видеото...

A video posted by Lali (@laliespositoo) on

Почина Хуан Карлос Галван, Хаспер од Ангели


Вчера, актерот Хуан Карлос Галван почина на 83 години, изјавија од аргентинското здружение на актери. 

Се прослави со многу филмови, серии и театарски претстави во текот на својата кариера од 64 години. Го познаваме како Хаспер од Ангели, градинарот од куќата Инчаусти. Се појави само во првата сезона, а неговиот лик беше убиен од Бартоломе.

Во продолжение погледнете видео од Хаспер во Ангели...



Николас Риера зборуваше за Тин Енџелс, Лали Еспосито и Мартина Стоесел


Николас Риера гостуваше во емисијата "Cocine" и зборуваше за озборувањата за можно враќање на Тин Енџелс, неговата поранешна колешка Лали Еспосито, како и Мартина Стоесел.

"Не знам дали Тин Енџелс ќе се вратат" - рече тој и зборуваше за периодот кога беше дел од Ангели.

Кога го прашаа кого би избрал: Лали Еспосито или Мартина Стоесел, тој рече: "За што?", а подоцна: "Повеќе ја познавам Лали". Следното прашање беше со која од нив би излегол на вечера, а рече дека со ниедна.

Прочитајте го интервју со Нико Риера и Рочи Игарзабал овде.


Интервју со Рочи и Нико


Кога го снимаа филмот "El deafio", Росио Игарзабал и Николас Риера беа во врска, вљубени и работеа заедно. Сега, кога дојде време за промоција на филмот, тие веќе не се заедно. Веќе четири месеци не се виделе, ниту разговарале. Овој понеделник се сретнаа во пицерија во Белграно.

Колку време помина во Мексико? 
Рочи: Отидов на 26 септември и се вратив оваа сабота. Речиси четири месеци.

Што се случи? 
Рочи: Секогаш имав желба да патувам и никогаш не го направив тоа како што треба. Имав слободно време и си реков "сега е време".

Зошто прифативте да снимате филм заедно? 
Нико: Бидејќи работиме добро заедно. Од сите серии во кои учествувавме, бевме пар само во Dulce amor. Не во Ангели и Taxxi. 

Кога ве повикаа и ви рекоа дека сте идеалниот пар, Барби и Кен... не се двоумевте?
Нико: Не ни рекоа така, да беше така, можеби немаше да прифатиме. Ни го пратија сценариото, беа заинтересирани за она што го правиме... Двајцата сакавме да снимаме филм. Зар ќе одбиевме? 
Росио: Веќе работевме заедно како пар и знаевме дека постојат хемијата, професионалноста и уживањето.

Дали помисливте што би се случило ако се разделите, како што се случи? 
Нико: Мислам дека нашата генерација веќе не оди по она "за цел живот". Се изгуби "засекогаш". Mожеби не целосно, бидејќи има луѓе кои се венчаваат, но знаат дека може да се заврши. Гледате ли дека многумина прават предбрачни договори? Ако мислат дека е за цел живот, зошто потпишуваат? Јас кога сум во врска, тоа е бидејќи сум добро тогаш, во тој момент. Кога веќе не оди, не оди.


Кога ги прекинавте врските меѓу вас? 
Рочи: Кога заминав на патување. 
Нико: Ме остави. 
Рочи: Не! Имавме заедничко согласување. Јас сакав да патувам, а тој сакаше јас да го живеам искуството со главата и срцето таму, целосно. Донесовме добра одлука за да двајцата можеме да го препознаеме она што го сакаме.

Како се чувствувавте кога го видовте филмот? 
Рочи: Јас не го гледав. 
Нико: Почувствував дека се гледа точно она што го продава постерот. Те води на летна љубов, на таа клима... Оној момент кога се враќаш од одмор и си вљубен, бидејќи си запознал некого.

Она што се случува во филмот е многу идилично. Дали вашите животи се така совршени? 
Рочи: Секој си имаше свои процеси, немаше кавги помеѓу нас. 
Нико: Такви работи ни се случија со други врски, не меѓусебно.

Зошто никогаш не признавте дека сте во врска? 
НикоБидејќи е добро да ја зачуваме приватноста. 
Рочи: Не се фокусиравме на тоа. 
Нико: Ако признаеш, интервјуата стануваат за твојот живот, а не за работата.

Ти недостасуваше? 
Нико: Да. 

Ќе се смирите? 
Рочи: Не. Не знам, многу е тешко да се зборува за такви работи. 

Изгледа не сте зборувале меѓусебе. 
Нико: Не, штотуку се видовме. Не сме зборувале четири месеци. 

Не се допишувавте? 
Нико: Ништо.
Рочи: Многу малку. "Здраво, како си, каков е денот и чао". Сега треба да имаме муабет три дена.


Работеше во Мексико? 
Рочи: Работев со една музичка група, но многу опуштено. Немав никаква работа како овде, затоа сега сакам да се вратам да видам што можам да направам во тој поглед. Заминав со пријателка и таму секој тргна по свој пат. 

Зошто си замина среде успешна кариера? 
Рочи: Чувствував дека има нешто што не е како што сакам. На професионално ниво и искуство.

Ти го немаше тој проект, сакаше да останеш? 
Нико: Да. Останав тука, учев со Хулио Чавез и создававме група. Не ми беше животниот проект да заминам на патување. 

Имаш девојка? 
Нико: Не. 

А ти? Имаш момче Мексиканец? 
Рочи: Не, не. Мексиканците полудуваат со Аргентинките. Затоа на жените им е полесно таму да најдат работа, без разлика што е. Мажите во Мексико одат каде што има убави девојки. Ако сакаш да ти се зголеми самодовербата, одиш да шеташ на главната улица и зјапаат во тебе постојано. Добро е. Но, да имам момче Мексиканец би било многу комплицирано. Сакам да се вратам, но не поради тоа, имам проекти. Нема да останам во Аргентина. 

Заврши љубовта меѓу вас?
Рочи: Не, никако. 
Нико: Заврши се друго, освен љубовта. 
Рочи: Секогаш ќе бидеме тука за другиот. Не сме од оние парови кои раскинуваат и никогаш повеќе не сакаат да се видат. Љубовта се уште е тука. Секогаш ќе биде.






Нова ера [song contest]


Заврши музичкиот натпревар Нова Ера и резултатите се тука. Најпрвин, во знак на извинување, ќе доделиме награди на сите учесници. Еве ја листата на победници и наградите:


01. Miedo a perderte [Tamara] 118 поени ПОБЕДНИК 80 мандалаи
02. Estoy listo [Hopa] 104 70 мандалаи
03. Que nos volvamos a ver [Ana] 102 поени 60 мандалаи
04. Me voy [Leonora] 83 поени 50 мандалаи
05. A ver si pueden [Анастасија] 82 поени 40 мандалаи
06. Resiste [Ангели Македонија] 76 поени 
07. Hay un lugar [Una chica con suenos] 76 поени 30 мандалаи
08. Vos ya sabes [Maja] 70 поени 30 мандалаи
09. Quien [Teodora] 55 поени 20 мандалаи
10. Escapare [Љ.Здравева] 50 поени 20 мандалаи
11. No te rindas [Bojana] 45 поени 15 мандалаи
12. Te perdi [Viktorija P.] 45 поени 15 мандалаи
13. Voy por mas [Mila] 44 поени 15 мандалаи
14. Donde estas [Dedicado A Lali] 39 поени 15 мандалаи
15. Cambiar de aire [Viktorija G.] 38 поени 15 мандалаи
16. Loco [Надица] 37  поени 10 мандалаи
17. El espejo [Aleksandra] 27  поени 10 мандалаи
18. La vida es mejor cantando [Александар] 11 поени 10 мандалаи

Кликнете тука за да го видите доделувањето на поените.

Томас Јанкелевич зборуваше за иднината на Ангели


Директорот на каналот Телефе на кој се емитуваше Aнгели четири години, конечно зборуваше за озборувањата за враќање на серијата. 

Томас Јанкевелич, синот на Крис Морена, исто така еден од главните луѓе во Телефе изјави:
Ангели беше завршена етапа и беше многу убаво додека траеше, како продукт, а и гледаноста беше добра. Мислам дека ако се отвори можност за реприза на серијата, тоа не би било сега, најверојатно во иднина, но има уште многу за тоа.

Во 2013 година, каналот ја репризираше серијата Rebelde Way, но поради слабата гледаност, беше прекината.

Со ова, она што веќе беше јасно е официјално: серијата нема да има нова сезона.