Кандела Ветрано, убавица не толку тин: ги покажа новите гради на плажа

Актерката била на операција пред да започне со снимањата на серијата "Noche y Dia", а нејзиниот нов изглед е прекрасен.

Пред да започне со нов телевизиски проект, Кандела Ветрано се одлучи на естетска операција. Се работи за зголемување на градите, а со новиот изглед прошета деновиве по аргентинските плажи. 

Актерката ги искористила слободните денови за да отпатува во Карило со пријателите, а фотографијата од новиот изглед објавена на нејзиниот Инстаграм профил, собра повеќе од 18.000 допаѓања.

Извор: Ciudad

Кој актер од Ангели ќе води своја стенд-ап комедија?


Агустин Сиера, роден на 23 септември 1990, создаде успешна телевизиска кариера со улоги во "Chiquititas", "Rebelde Way", "Floricienta" и "Casi Angeles". 

Со само 24 години, тој ќе започне своја сопствена стенд-ап комедија, а ќе кажува смешни анегдоти од неговиот живот како тинејџер. Проектот се уште го подготвува, а истиот ќе го организира цела 2015 година.

Каква улога ќе има Лали Еспосито во новата серија?


Музикалната телекомедија во која главните улоги ќе ги имаат Лали Еспосито и Маријано Мартинез следната година, веќе има име: Esperanza mia.

Лали Еспосито ќе ја добие својата прва главна улога во серија на каналот El Trece. Се очекува снимањата да започнат што поскоро, а премиерата би можела да биде некаде во март 2015. Лали ќе глуми калуѓерка, додека Маријано Мартинез, актерот кој оваа година глумеше заедно со Еугенија Суарез, ќе биде оној кој ќе ја освои.

Објавите што ја одбележаа 2014 година


Ја поминавме годината заедно, а на прагот е новата 2015 година. Во продолжение, ви ги покажуваме објавите кои ја одбележаа оваа година, а најавуваме и нови активности на нашата фејсбук страницата, кои ќе започнат веќе од утре.

НАЈЛАЈКУВАНИ ФОТОГРАФИИ















СВЕТСКО ПРВЕНСТВО ЕУФОРИЈА
Годината ја одбележа и Светското првенство во фудбал, а фотографиите со навивањето на актерите од Ангели за својата земја се едни од оние најлајкуваните. 




















НАЈЛАЈКУВАНИ ФРАЗИ
Објавивме повеќе од 200 фрази, а од утре повторно почнуваме. Еве кои беа 3-те најлајкувани фрази годинава:








НАЈЛАЈКУВАНИ ТВИТОВИ
Од утре продолжуваме и со објавување на твитови од актерите, а ова се најлајкуваните досега:


НАЈЛАЈКУВАНИ ФРАЗИ
Објавивме повеќе од 200 фрази, а од утре повторно почнуваме. Еве кои беа 3-те најлајкувани фрази годинава:



ЕКСКЛУЗИВНО: Која актерка од Ангели ќе биде дел од „Твоето лице звучи познато“?



Откако синоќа заврши втората сезона на аргентинската верзија на шоуто "Tвоето лице звучи познато", таму насловено како "Tu cara me suena", веднаш излегоа информации за учесниците во следната сезона.

Младата Ангела Торес ја однесе титулата на победничка во втората сезона, а утринава, во емисијата АМ потврдија дека Емилија Атиас ќе биде дел од третата сезона, која ќе започне во 2015 година.

Во досегашните сезони, учество зеде Аугусто Шустер (Исла Негри), а во само една емисија гостуваше Еугенија Суарез, како и актерите од Aliados.

Зошто Питер Ланзани го промени својот изглед?


Пред некој месец Питер Ланзани ги изненади сите со својот изглед на доделувањето на наградите Kids Choice Awards Argentina. Која е причината за промената на изгледот?

Најверојатно повеќето знаете. Питер го промени својот изглед поради неговата прва филмска улога и тоа во филмот "El Clan". Содржината е според вистинска приказна за кланот Пучио, а Питер ќе го глуми Алехандро Пучио.

Алехандро Пучио беше член во една од најопасните банди за киднапирање, а почина во 2008 година. "Не сум убиец, јас сум невин, никогаш не сум повредил никого" - е фразата која ја има повторено повеќе пати.

Во филмот глуми и познатиот актер Гиљермо Франчеља, татко на Николас Франчеља, кој глумеше во "Aliados".


Питер Ланзани ќе се разголи во театар


По завршувањето на Ангели, Питер Ланзани беше дел од повеќе серии во кои глумеше ликови доста поразлични од ликот на Тијаго. Се соголуваше во "La Dueña", "Sres. Papis" и "Aliados", а догодина и во театарска претстава. 

Питер бил воодушевен од контроверзната претставата "Equus" во која се зборува за млад човек фанатик на коњите. Неговата улога бара од него целосно разголување, а истата улога ја имаше и Даниел Редклиф пред неколку години во Бродвеј.

Лали: Ми бараат да одам во држави, за кои не ни знам каде се наоѓаат


Лали Еспосито беше во емисијата на Сузана Гименез, каде најпрвин ја пееше "A bailar" пред нејзините обожаватели, а потоа во муабет со Сузана, зборуваше за нејзиниот успех.

Најпрвин зборуваше за нејзината прва телевизиска улога:
Глумев момче бидејќи како малечка не бев толку женствена, вели таа во смеа.

За првиот кастинг:
Избегав со сестра ми, која имаше 15 години, бидеќи мајка ми не сакаше да ме одведе. Видовме редица од момчиња и девојчиња и ги следевме. Влегов и ме прашаа од каде доаѓам, а јас реков: "Од дома", а потоа ме прашаа: "Не, од која агенција?". По грешка отидов на кастинг на Крис Морена и после недела дена ме побараа.

И за крај, зборуваше за големиот успех кој го доживеа со својата солистичка кариера: Оваа година завршуваме во Шпанија, во театарот Гоја во Мадрид, а исто така ќе одиме и во Рим. Бараат да одам во држави, за кои не ни знам каде се наоѓаат.

Давид Бисбал ја откри вистината за наводната бременост на Еуге


Откако се запознаа, 35-годишниот Давид Бисбал и 22-годишната Еугенија Суарез не се разделија. Таа патуваше во Европа за да биде со него и обратно. Се за да се оддржи пламенот на љубовта. 

Последниве недели се ширеја озборувања дека Еуге е повторно бремена. Веста ја започна шпанска емисија, каде водителот изјави дека актерката е бремена по втор пат. Тој тврди дека семејството на Давид Бисбал му потврдиле дека пејачот ќе има уште едно дете (има ќерка од претходен брак).

Но, во интерјву Бисбал ја откри вистината...

Треба да ти честитаме бидејќи ќе станеш татко? 
- Знете дека тоа е не е вистина. 

Еден новинар го објави пред неколку дена... 
- Вистината е дека не е вистина, се надевам дека еден ден ќе можам да ви ја дадам таа новост. 

Ја гледаш Еугенија како мајка на твое дете?
 - Не ми се допаѓа да зборувам за такви теми. 

Лали Еспосито: Бенха никогаш не ми купил цвеќе


Со само 23 години, но цела деценија работа и искуство, Лали Еспосито успеа да се претвори во една од најдобрите уметници во Аргентина. Освен успехот на професионален план, има и успешен приватен живот. Веќе четири години е во врска со Бенхамин Амадео, со кого се запознаа на снимањата на "Ангели". 

"Бенха е душа. Но, никој од нас не е традиционално романтичен. На пример, никогаш не ми подарил цвеќе. Ниту пак ми донел подароци кога патува, а и јас сум иста. Многу сме опуштени. Не прави типични работи. Може да се случи некој ден да го посетам, а тој готви за двајцата. Друг пат, му побарувам да ми купи нешто што ми недостасува на пат кон мене и ми го донесува и омиленото чоколадо." - вели Лали.